Конкурс на ДПМ на тема „Липа“ за најдобра песна, есеј, расказ и драмски текст

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на тема „Липа” за манифестацијата „Празник на липите’’.

На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст ќе го врши тричлена комисија. Од ДПМ информираат дека ќе биде доделена една награда за најдобрата песна, расказ, есеј или драмски текст.

Авторските творби треба да се испратат најдоцна до 31 мај во четири примероци потпишани со име и презиме, е-пошта и телефонски број од авторот на адресата – Друштво на писателите на Македонија, улица „Максим Горки” бр.18, 1000 Скопје, или на мејлот drustvonapisatelimk@gmail.com.

Манифестацијата „Празник на липите“, информираат од ДПМ, ќе се одржи во првата половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително објавен.

Треба да знаете
Последни објави