Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони евра за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,72 милиони евра за инвестиции во опрема, инфраструкура и спроведување на дуално образование или кооперативна обука во установи за стручно образование и обука.

Регионалниот фонд за предизвици го организираше вториот национален настан за доделување
грантови во Северна Македонија, ги сподели резултатите од вториот повик и ги додели грантовите на победничките конзорциуми. Вториот круг апликации привлече 123 Изјави на интерес од Западен Балкан 6. Од овој број, 23 беа од Северна Македонија. Со одлука на Одборот за селекција, беше предложено финансирање на 6 најуспешни проекти од Северна Македонија со околу 2,72 милиони евра, наменети за инвестиции во опрема, инфраструктура и спроведување на дуално образование или кооперативна обука во установи за стручно образование и обука.

Грантовите беа доделени на конзорциуми предводени од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, СЕТУГС
„Михајло Пупин“ Скопје, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Институтот за текстилно инженерство при Технолошко-металуршки факултет, Скопје (Универзитет Св. „Кирил и Методиј“), Машински факултет, Скопје (Универзитет Св. „Кирил и Методиј“), и Општинското средно техничко училиште „Гостивар“, со вкупен износ од 2,72 милиони евра.

Доделувањето на наградите се одржа во просториите на Стопанската комора во Скопје, во присуство на претставниците од Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан 6 (ЗБ6-КИФ), германската амбасада, Германската развојна банка KfW, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Министерството за образование и наука, Регионалниот фонд за предизвици и наградените конзорциуми од Северна Македонија.

На настанот се обратија: 

  • г. Антони Пешев, Извршен директор, Стопанска комора на Северна Македонија
  • г. Ото Граф, заменик амбасадор, Амбасада на Сојузна Република Германија во Северна Македонија
  • г. Јетон Шаќири, Министер за образование на наука на Република Северна Македонија
  • г. Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово
  • г-а Татјана Штерјова Душковска, Генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан
Треба да знаете
Последни објави