Во петтиот натпревар се случи нова пресметка во плејоф серијата помеѓу Денвер и Феникс.
Денвер Нагетс остварија убедлива победа во петтиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција против Феникс Санс (118:102), и поведоа со вкупен резултат 3:2.
Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија, постигна 29 поени со 13 скока и 12 асистенции, а од поле стрелаше 12/20. По второто коло од НБА плеј-офот, Јокиќ има најмногу поени, скокови и асистенции. Но тоа не е се, српскиот центар го оствари и својот 10-ти трипл-дабл во плеј-офот, соборувајќи го 50-годишниот рекорд на Вилт Чембрлен.
Со овој учинок, Јокиќ стана првиот центар во историјата на НБА со двоцифрена бројка во плеј-офот, со вкупно 175 поени, 69 скока и 50 асистенции против Санс.
Покрај фантастичниот настап, Јокиќ успеа да го изнервира Кевин Дурент.
Кон крајот на третата четвртина, тренерот на Феникс, Монти Вилијамс, сакаше да го искористи времето кога Девин Букер шутираше слободни фрлања за да му објасни на Кевин Дурант што да игра на следниот напад, а тоа не остана незабележано од играчите на Денвер. Така Брус Браун и Јокиќ влегоа во „шпионажа“, што на Дурант воопшто не му се допадна.
Ѕвездата на Санс прво го оттурна Браун, а потоа со рака го оттурна и Јокиќ. Српскиот кошаркар дополнително го потенцираше контактот, па на крајот Дурант заработи техничка грешка.
Тоа е нова „вжештена ситуација“ во серијата Санс и Нагетс. Потсетуваме дека во четвртиот натпревар од серијата имаше контакт меѓу Јокиќ и Мат Ишибија (сопственик на Санс), за што српскиот кошаркар заслужи техничка, а потоа беше казнет со 25.000 долари.
Who did it better? Mat Ishbia or Nikola Jokic? pic.twitter.com/mMxiBLQXj6
— K👁🌲🐺🌲 (@Kgformvp211) May 10, 2023
Сепак, Србинот ја смири топката, така што по загревањето пред почетокот на натпреварот му ја даде на Ишбија, кој и во Денвер го следеше натпреварот, по што двајцата си подадоа рака.