Во соработка и партнерство со „Нула отпад”, Аеродром станува и првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови.
„Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест.”, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.
Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина.