ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски

Соопштение до јавноста, реакција на ставовите на Димитар Ковачевски поврзани со злоупотребата на европското знаменце

„Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски.

Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав.

Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д.

Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија.

ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира

Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави