Италијанските фудбалски калчолигаши Рома и Јувентус не беа убедливи во првите мечеви како домаќини од полуфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување Лига Европа. Рома минимално го совлда бундеслигашот Баер Леверкузен (1:0), а Јувентус во последните мигови од судиското продолжение постига гол и избегна пораз во првиот дуел со шпанската Севилја (1:1) која е специјалист за освокјување на ова натпреварување.
Рома на Жозе Мурињо на „Олимпико“ дојде до победа против германските „фармацевти“ за да продолжи сонот за втора европска титула во низа, откако лани во мај ја освоија Конференциската лига. Мечот во Рим го реши голот на Едоардо Бове во 63-та минута.
Севилја беше на чекор до многу голема победа, но резервистот Федерико Гати по последниот корнер на мечот во 96-та минута даде гол за да ја спаси „старата дама“ од пораз откако Јусеф Ен Несири по 26 минути на Андалузијците им донесе предност.
Гати погоди буквално секунди пред крајот откако мечот ги надмина и шесте дополнителни минути, па сега од нула двата тима на „Санчес Писхуан“ ќе тргнат во „второто полувреме“ од двомечот за битка за место во финалето.