Пронаоѓачот на босанските пиримиди, академик Д-р Семир Османагиќ ќе одржи предавање со наслов: Балканот (Хум) средиште на светот – Енергијата на босанските пирамиди.
Предавањето ќе се одржи на 14ти мај, во Кино Фросина МКЦ, почеток 19:00ч, влез слободен.
И на13ти мај во Музеј Битола, 19.00ч., влез слободен.
Во мај 2017 година тој за прв пат одржа предавања во Македонија и после точно 6 години ова е втора можност да слушнеме еден поинаков пристап во врска со градбата, функцијата и целта на пирамидите ширум светот, особено оние во босанската долина.
Д-р Семир Османагиќ е светски патник. Тој е истражувач на мегалитските и пирамидалните локалитети насекаде. Автор е на 18 книги за античките цивилизации преведени на 17 јазици. Член е на Руската академија на природни науки од Москва, на Хрватската академија на науките и уметност во дијаспората и на Александриското археолошко друштво од Египет.
Добитник е на:
Признание од Конгресот на САД,
Наградата „Дијамант на науката за пирамидите” од Конгресот за пирамиди во Бангалор, Индија,
Амелија Едвард” награда за унапредување на науката за пирамидата од Чикаго, САД.
Двапати беше прогласен за „Личност на годината во Босна и Херцеговина во 2007 и 2021 година.
Тој е пронаоѓач и главен истражувач на босанските пирамиди во Високо од 2005 година до денес.