Вечерва си донел механизација и си почнал да си гради во дворот на поликлиника Бит Пазар

Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, јавува Канал5 телевизија.

Како што информираат од Канал 5 стапиле во контакт со директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски , но и тој не знае кој гради , прекопува и со чија дозвола.

Исјановски пријавил во полиција „Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО.“ стои во пријавата на МВР.

Очевидците велат дека оградата била урната попладнево, кога сите вработени си заминале дома.

Треба да знаете
Последни објави