Руското министерство за надворешни работи објави дека одлуката на Обединетото Кралство да испрати ракети со долг дострел „Storm Shadow“ во Украина е сериозна ескалација на ситуацијата.
„Оваа одлука ја сметаме за уште еден крајно непријателски чекор на Лондон, насочен кон натамошно вооружување на Украина со оружје, што доведува до сериозна ескалација на ситуацијата во зоната на специјални воени операции. Испраќањето на високопрецизни ракети, кои имаат домет од над 250 километри, покажува невидено ниво на британско учество во конфликтот во Украина“, се наведува во соопштението за печатот.
„Storm Shadow“, како што анализираат медиумите, се крстосувачки ракети со дострел поголем од 250 километри.