На 10.05.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје, Е.О.(19) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 02.50 до 09.25 часот на подрачје на Чаир, бил оштетен прозорец од неговиот стан. Подоцна на 11.05.2023 во 18.00 часот О.О. пријавил дека во прозорец од неговиот дом пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.