Малопродажниот синџир ги информираше потрошувачите дека производот Премиум лосос од 100 грама се повлекува бидејќи е зголемено количеството на бактеријата листерија (Listeria monocytogenes).
Малопродажниот синџир во Хрватска, „Спар“, испрати известување до своите клиенти дека се повлекува производот Премиум лосос грабан 100гр, чаден и исечен, произведен од Бек-пушница, кој може да се купи во нивните продавници.
Причина за отповикувањето е зголеменото количество на бактеријата листерија, поради што производот не е во согласност со Регулативата 2073/2005 за микробиолошки критериуми за прехранбени производи.
Производот со EAN код: 3859892100100, спакуван: 04.05.2023 година, за употреба до: 15.05.2023 година, се повлекува и важи само за наведениот рок на употреба. Се молат клиентите кои го поседуваат овој производ да не го консумираат, туку да го вратат во најблиската филијала на Спар или Интерспар, каде ќе им бидат вратени парите, дури и без приложување на сметката“, наведуваат од синџирот.