Бугарскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на грчкиот Олимпијакос, Александар Везенков, е добитник на наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата во сезоната 2023/23, соопштено е денеска од ова натпреварување.
Наградата „Форд“ е единствената која Евролигата ја базира на статистички податоци во кои од самиот почеток на сезоната доминираше кошаркарот на атински Олимпијакос.
Везенков сезонава во просек постигнуваше по 17.24 поени на 38 натпревари, предводејќи го Олимпијакос на годинешниот фајналфор турнирот во Каунас.
Зад себе Везенков ги остави кошаркарот на Макаби, Вејд Болдвин (17.17 поени по натпревар) и Вил Клајбурн (16.7) од Ефес.
Наградата за најдобар стрелец го носи името на Алфонсо Форд, кој два пати беше најдобар стрелец во Евролигата, а почина во 2004 година од леукемија.