Нов кикс на Лацио, спасија бод во 95.минута против Лече во Рим

Екипата на Лацио четврти пат не успеа да победи во последните пет кола и си ја загрози ситуацијата на местата кои водат во Лигата на шампионите.
Лацијалите во Рим едвај се спасија од пораз од Лече (2-2), тим кој се приклучи на Милан, Интер и Торино кои освоија бодови во последните кола со овој ривал.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ со погодок во 95. минута го спаси тимот на Маурицио Сари од пораз. Лацио беше на прагот да загуби, ама на самиот крај попушти одбраната на Лече и српскиот играч донесе значаен бод.

Претходно, по промашен пенал на Стефреца, Чиро Имобиле донесе предност за Лацио, а потоа на сцена стапи Оудин и постигна два гола во мрежата на Лацио за пресврт (1-2). Пред самиот крај, плејмејкерот на небесно-сините спаси реми.

Лацио во следното коло гостува кај Удинезе, додека Лече е домаќин на Специја.
Римјаните се уште на третата позиција со 65 поени,поен помалце од второпласираниот Јувентус, додека на четвртата позиција е Интер со 63, па Милан со 61, но сите со натпревар помалку од Лацио.

Треба да знаете
Последни објави