Одржано второто полуфинале на Евровизија

Во Ливерпул синоќа се одржа второто полуфинале на 67. издание на Изборот на песна на Евровизија, па познати се последните 10 земји учеснички во Големото финале в сабота.

Така, натпреварувањето што годинава се одржува во Велика Британија го продолжуваат Албанија, претставена од Албина и „Фамиља Келменди“ со „Duje“, како и „Џокер аут“ од Словенија со песната „Carpe Diem“. Во финалето ќе настапат и Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија.

Грција, Романија, Грузија, Данска, Исланд и Сан Марино испаднаа од натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави