Полуфинале за Калин на турнирот во Србија!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања во Србија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Во четвртфиналето македонскиот тенисер го победи Хади Хабиб со 2:0. 

Ивановски ја оправда фаворитската улога, меѓутоа се измачи против тенисерот од Либан. Првиот сет го доби по тај-брејк со 8:6, додека во вториот избегна доигрување и со 7;:5 ја обезбеди победата. 

Полуфинален ривал на Ивановски ќе му биде 21-годишниот Украинец Олександр Овчаренко. Се работи за четвртиот носител на турнирот, кој е рангиран на 416. позиција на АТП ранкингот. 

Во Србија свој настап имаше и Горазд Србљак, меѓутоа беше исфрлен во првата рунда од Паз. 

Настапот во Србија за Ивановски е последна подготовка пред учеството на турнирот во Скопје што ќе се одржи во периодот од 21 до 28 мај.

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа попладнево во Загреб за пласман во полуфиналето ќе се сретне со Германката, Ела Зајдел.

Треба да знаете
Последни објави