Ракети истрелани кон Ерусалим, Израел ги обновува нападите врз Газа

Сирените за воздушен напад се огласија во областите во близина на Ерусалим за првпат откако оваа недела се интензивираа борбите меѓу Израел и палестинските групи во Појасот Газа.

Израелската радио и телевизија соопшти дека биле истрелани ракети врз градот Беит Шемеш и ридските области околу Ерусалим.

Набргу откако се вклучија сирените, сигнализирајќи го крајот на 12-часовното затишје, израелската војска соопшти дека ги продолжува нападите врз цели во Појасот Газа кои припаѓаат на палестинското движење Исламски џихад.

Треба да знаете
Последни објави