Фејсбук статус на Оливер Спасовски
„Вечерва, на мое големо задоволство, во присуство на највисокото централно партиско раководство на СДСМ, во мое Куманово на Изборна Конференција на ОО СДСМ Куманово, со апсолутна поддршка од делегатите беше избрано ново раководство.
Во оваа прилика му честитам на претседателот Александар Арсиќ, како и на новиот состав на Извршниот и Надзорниот Одбор на Општинската Организација.
На мои кумановци им посакувам многу успеси, јас сум тука за секој еден кој ја негува социјалдемократската идеологија.
Заедно продолжуваме – мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија!