Вознемирен маж облечен во службена униформа на фирма за обезбедување и со пиштол на појас, ваква била сцената во средното стручно училиште во Загреб во средата околу 15 часот и 15 минути, пренесуваат медиумите во регионот.
Според „Јутарњи“, на вратата од училиштето во кое присуствувал неговиот малолетен син се појавил маж, вработен во компанија за обезбедување.
Бил многу нервозен кога побарал да разговара со класниот раководител, но во тој момент добил одговор од дежурната наставничка дека не може да разговара со никого бидејќи наставата и училишните активности се во тек. Тоа не му се допаднало, па во просториите на училиштето наводно кажал: „Ќе го видите вашиот бог“, пишува медиумот.
По неколку минути излегол од училиштето со оружје под раката. Смирено се оддалечи од училиштето до службеното комбе, пренесува „Јутарњи“.
Училиштето ја известило полицијата, па мажот бил уапсен на домашна адреса.
Ноќта ја поминал во полициска станица, а како што пренесува медиумот, причина за неговата посета на училиштето која предизвикала немир, била откако неговиот син наводно се пожалил дека школски другар му рекол дека ќе го тепа.
Стравот, на неговиот син, приведениот го оправдал и со тврдењето дека „детето се занимава со боречки вештини и затоа се исплашил“.
Од училиштето не сакале да зборуваат за случајот, а од загрепската полиција за „Јутарњи“ изјавиле дека во четвртокот имале постапка и дека кривичната истрага за едно уапсено лице е во тек.
Работодавецот на уапсениот, според медиумот, го осудува секое насилство и изјавиле дека приведениот работник дента кога се случил настанот продолжил да ги извршува своите редовни задачи, а во четвртокот уредно ја завршил смената, по што бил приведен.