Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, јавува Канал5 телевизија.
Како што информираат од Канал 5 стапиле во контакт со директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски , но и тој не знае кој гради , прекопува и со чија дозвола.
Исјановски пријавил во полиција „Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО.“ стои во пријавата на МВР.
Очевидците велат дека оградата била урната попладнево, кога сите вработени си заминале дома.