Претставниците на ЕП нема да учествуваат како набљудувачи на изборите во Турција

 Претставниците на Европскиот парламент нема да учествуваат како набљудувачи на изборите во Турција на 14 мај. Ова го соопштија копретседателите на парламентарната група за поддршка на демократијата и координација за изборни прашања, Дејвид Мекалистер и Томас Тоб.

Европскиот парламент нема да го набљудува овој изборен процес и затоа нема да го коментира процесот или резултатите што ќе бидат објавени потоа. Ниту еден поединечен европратеник не е овластен да го следи или коментира овој изборен процес во име на ЕП, се додава во соопштението.

Доколку некој европратеник одлучи да ги набљудува овие избори, ќе покаже сопствена иницијатива, се наведува во текстот. Се прецизира дека во слични случаи европратеникот не треба преку изјава или дејствие да го поврзува своето учество со Европскиот парламент. 

Треба да знаете
Последни објави