Караванот „Рамо до рамо до победа” на СДСМ денеска е во Скопскиот регион, каде тимови на партијата разговараа со граѓаните.
Во општина Центар беа членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски.
– СДСМ како државотворна партија е дел од сите национални успеси. Благодарение на нашите политики денес сме членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ, држава е фактор на стабилност на Балканот, држава која успешно се справува со сите глобални кризи и предизвици. Успеавме во ек на најголема светска економска криза да ја задржиме економската стабилност, македонската економија да ја направиме конкурентна и атрактивна. Доказ за тоа се и рекордните странски инвестиции, постојаниот раст на платите и пензиите. И додека ние се грижиме за сите подеднакво гледаме што прават ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат, долгови, партиски вработувања и кавги за тендери, порача Спасовски додавајќи дека градоначалникот на Центар Горан Герасимовски е пример за тоа како се работи чесно, одговорно во интерес на граѓаните и општината.
Меѓу граѓаните на општина Аеродром беа Јовица Стојановиќ и претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамовска – Мадиќ.
– Општина Аеродром и Град Скопје се показна вежба што значи ВМРО-ДПМНЕ да е на власт. Оваа партија, само поради неспособност и поради лични и бизнис интереси, успеа да ги задолжи најбогатите единици на локалната самоуправа иако пред само година и половина наследи полни буџетски каси. Арсовска и Муцунски се исти. Наместо решенија, реализирани проекти што ги ветуваа, донесоа само уназадување, долгови и полоши услуги за граѓаните, порача Аврамовска – Мадиќ.