Откако лондонски „Дејли Мејл“ неодамна објави дека финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) би можело да се премести во Лисабон во случај на немири во Истанбул за време на претстојните турски претседателски избори, УЕФА денеска објави дека тоа не е точно.
Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни, како што е и планирано. УЕФА воопшто не води разговори во поинаков правец со ниту едни политички институции, влади или национални фудбалски федерации, соопшти УЕФА.„Дејли Мејл“ објави дека оти е малку веројатно дека УЕФА ќе го одложи финалето, откако во 2020 и 2021 година го премести од Истанбул поради пандемијата на коронавирусот, но, според англискиот весник, УЕФА, наводно, размислува за резервен план стравувајќи од можни немири во случај на изборен пораз на Реџеп Тајип Ердоган, кој две децении е на власт во Турција.Главниот град на Португалија беше клучен дел од планот Б за време на пандемијата на коронавирусот и во Лисабон беше одржан завршниот турнир во Лигата на шампиони, кога натпреварите од четвртфиналето до финалето беа одиграни пред празни трибини.