Урош Блажиќ (20) кој го изврши крвавиот масакр во Младеновац и уби осум лица, а рани 15, откри кој бил неговиот мотив за ова монструозно злосторство.
Како што дознава „Блиц“, тој се обидел да го оправда масакрот што го направил тврдејќи дека трпел насилство во основно училиште, како и дека селаните „го исмевале и заговарале против него“. Урош раскажал детали од својот живот и со тоа открил потенцијален мотив за ова невидено злосторство.
Блажиќ, според неофицијални информации, почнал да пука во 2021 година, кога на таванот од куќата нашол калашников и пиштол. Повремено одел на стрелиште, каде пукал под надзор на вработени. Сепак, тоа не беше се – Блажиќ вежбаше гаѓање во подрумот од својата куќа.
Како што рече, со пиштол пукал во вреќа со песок во подрумот од куќата. Неговиот татко Радиша Блажиќ е потполковник во војската на Србија, а вчера беше уапсен.
При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, наполнети за муниција, еден пиштол и еден револвер. Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.
Тој не бил во блиски односи со убиените, што го потврдиле и селаните, кои рекле дека го познаваат само од видување. Мештаните шокирани од трагедијата се обиделе да разберат зошто Блажиќ ги нападнал соседите со оглед на тоа што не бил близок со никого.
Од друга страна, тој во сведочењето тврди дека мештаните го исмејувале.
„Чувствував потсмев и исмејување. Мештаните правеа заговор против мене – изјавил Блажиќ.
Тој раскажал и како селаните наводно зборувале лоши работи за неговиот татко, вклучително и дека тој е криминалец. Тој се осврнал на своето растење и периодот од основното училиште. Како што рекол, децата го исмејувале бидејќи бил со потемен тен и не сакал да се дружат со него.
„Од мали нозе гледам неправда и тага, неправдата на општеството се одразува на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол – изјавил Блажиќ.
За време на неговото сведочење, во кое се обидел да го оправда монструозното злосторство, споменал и како се дружел со јавни личности. Тој раскажал како бил близок со некои учесници во реалното шоу – Никола Ѓорѓевиќ, Филип Цар, како и со старлетата Дениз Дејм, па дури и го навел тоа како причина за љубомората која другите ја чувствувале кон него.