Двајца државјани на Куба со лажни документи се обиделе да ја преминат македонско-грчката граница, информира МВР.
„На 12.05.2023 во 07,00 часот на Граничен премин „Богородица“ полициски службеници ги привеле Ф.Р.А.(26) од Р.Куба, кој при пасошка контрола приложил шпанска дозвола за престој и М.И.Р.Т.(71) од Р.Куба, која приложила шпанска патна исправа и лична карта на име Р.Т.А.(71) од Шпанија, а по извршената дополнителна контрола е констатирано дека приложените документи се фалсификувани. Лицата се предадени во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител. Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл. 378 од Кривичниот законик, тие се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија и изречени им се соодветни санкции.“, велат од полицијата.