Денес и утре, со почеток во 20 часот, во Кинотеката, љубителите на седмата уметност ќе имаат можност да ги гледаат филмовите на Американскиот режисер и сценарист,Дејвид Рајкер. Со Аби Корниш и Бил Патон во главните улоги, филмот “Девојката”, ја кажува приказната за Ешли, самохрана мајка која со криминални дејства, очајнички се бори да изгради живот доволно достоинствен, за да го врати старателството над својот син, згрижен од социјалните служби. Тргувајќи со емигранти на Мексиканско-Американската граница, мајчинскиот инстинкт на Ешли се буди, кога зима под своја заштита едно девојче, чија мајка “изчезнува” преминувајќи ја реката Рио Гранде…
Филмот “Градот” кој ќe биде прикажан во недела, во 20 часот, раскажува четири емигрантски приказни кои се случуваат во градот Њу Јорк, кон крајот на минатиот век. Снимен во црно-бела техника, во стил на италијанските мајстори на Нео-реализмот, филмот е редок и драгоцен пример на социјален реализам во Американска кинематографија. Дебитантско остварување на режисерот Рајкер, филмот е добитник на низ престижни награди меѓу кои и Оскар во категоријата на студентски филм, за филмската епизода “Кукларот”.
Авторот и режисер ќе биде присутен за разговор со публиката.