Разбиена криминала организација во Грција која им помагала на кандидати за пилоти да положат теоретски тест

Со помош на аудиовизуелна опрема, членови на криминална организација во Грција им помагале на кандидати за добивање лиценца за пилот да положат теоретски тест, диктирајќи им ги точните одговори за време на испитот, за што секој кандидат, во просек плаќал по 7.800 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција разби криминална организација која ги фалсификувала испитите за стекнување професионална пилотска дозвола, уапсени се пет лица, кои имале нелегален профит од најмалку 39.000 евра. 

Кандидатите во главно биле студенти на школите за пилоти, кои или не можеле да ја добијат конкретната лиценца по неколку неуспешни обиди или не сакале да го научат теоретскиот материјал од предметите.

Во однос на начинот на кој функционирала организацијата, од грчката полиција соопштија дека пред теоретскиот испит, еден од уапсените вршел пробни тестови со кандидатите, им укажувал каква облека треба да носат за да не се откријат аудиовизуелните уреди, а на денот на испитот, го упатувал кандидатот каде точно треба да стои и му ги диктирал точните одговори.

На овој начин, членовите на организацијата успеале да доделат лиценци за професионален пилот на најмалку пет лица, при што вкупната проценета финансиска корист изнесува најмалку 39.000 евра, а секој кандидат во просек платил износ од 7.800 евра, соопштија од грчката полиција. 

Дополнително, било утврдено дека во минатото биле доделени дозволи за пилот на авион на уште десет лица.

Треба да знаете
Последни објави