Аџиоски: Власта преку Коридорите 8 и 10д ќе испумпа 200 до 300 милиони евра во приватни џебови, наместо да ги решава проблемите на локалното население

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски ги посети населените места Велестово, Рача, Трпејца и Рамне во охридскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”. Тој посочи дека од средбите со граѓаните веднаш се забележува незадоволството од централната власт, бидејќи истата го направи животот неподнослив.

„Цените на основните прехранбени продукти, на струјата, на горивата се неколку пати зголемени, а со тоа се удира по стандардот на граѓаните. Единствена светла точка во овие населени места е локалната самоуправа која во рамки на своите надлежности и можности ги решава проблемите на луѓето од населените места”, рече Аџиоски.

Тој додаде во Трпејца населението веднаш го истакна проблемот со канализацијата и неможноста за приклучување на колекторскиот систем.

„Редно е да се приклучат и Трпејца и Љубаништа и да се комплетира охридскиот дел од колекторскиот систем. За ова неопходна е централната власт. А од овие на власт гледаме само криминал, корупција и сега со автопатите гледаме дека сакаат да испумпаат народни пари. Сакаат да испумпаат 200 до 300 милиони евра кои ќе завршат на приватни сметки, а со овие пари може да се решат низа на проблеми на локалното население”, рече Аџиоски.

Аџиоски истакна дека токму поради проблемите на локалното население, а за кои централната власт има игнорантски однос потребни се избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави