Димитриеска Кочоска: Со ставањето европско знаменце на закон кој веќе е усогласен со европско законодавство СДСМ и ДУИ ги кршат законите и нормите кон европското членство

„Потчинетите СДСМ влегуваат во многу лоша состојба со тоа што ги кршат законите и нормите кон европското членство. Денес имаме во Собранието поднесен закон за работни односи кој треба да се менува иако е веќе усогласен со европското законодавство, а при тоа во исто време СДСМ и ДУИ се фалат дека имаме скрининг од страна на ЕУ токму за усогласувањето на законите со европските закони”, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите”.

Таа посочи дека власта во процедура става закон со кој сака работните саати да се зголемат.

„Во ситуацијава имаме три клучни моменти. Прво менуваат закон кој веќе еднаш бил усогласен. Второ ставаат европско знаменце и прават злоупотреба на европското знаменце и третата ситуација е тоа што со овој закон во суштина комплетно се менува нешто што веќе било пракса на некој начин односно имаме судска одлука која кажува дека во неделата треба да имаме 40 часовна работни саати”, кажа Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека СДСМ наместо да излезе плаштот на ДУИ и да каже стоп на ваквото однесување тие продолжуваат по чекорите кои ги прави ДУИ.

„Со ставањето во процедура за гласање на закон што веќе еднаш бил усогласен се дава можност да во иднина било која држава од ЕУ да може да го попречи нашите понатамошни преговори заради тоа што може да каже дека менуваме закони кои веќе се усогласени”, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа заклучи дека потажно од се е мотивот кој го користи власта во оваа ситуација а тој нивен мотив е корупцијата и криминалот.

Треба да знаете
Последни објави