Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Италија. Тој ќе се сретне со премиерката Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела. Италија ја поддржува Украина од почетокот на војната, а помошта не престана ниту кога на власт дојде десно ориентираната Мелони.
Исто така предвидена е и средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.
Детални информации за неговата агенда не се објавјуваат поради безбедносниот протокол.
Рим утрово е полн со полиција, а летањето над градот е забрането.
Оттаму Зеленски ќе отпатува за Германија, каде ќе се сретне со канцеларот Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.
Претседателот на Украина утре во Ахен ќе ја прими наградата Карло Велики за придонес за европското единство.