МВР соопшти дека при вчерашната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици се констатирани 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед.
Контролата е спроведена од 06.00 до 10.00 часот на територијата на целата држава.
-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, наведува МВР.