Новак со солзи во очите зборуваше за трагедијата во Србија

Новак Ѓоковиќ триумфално го стартуваше настапот на Мастерсот во Рим. Српскиот ас го победи во 2. коло Томаш Ечевери со 7:6, 6:2.

На крајот од натпреварот Новак даде изјава за својата победа, но и за сè што ѝ се случи на неговата Србија. Тој не можеше да ги задржи солзите:

„Би сакал да кажам дека многу ми е жал. Досега немав можност да се обратам јавно во врска со овој масакр. Сакам да го изразам моето најискрено сочувство до семејствата на починатите деца. Јас сум родител на две мали деца и можам само да замислам како се чувствуваат тие. Им посакувам сила и љубов…“ рече Новак со солзи во очите и отиде до клупата каде што си стави крпа на лицето.

Ѓоковиќ и претходно имаше емотивна порака што ја стави на камера:

„Свети Василије Острошки моли го Господ за нас. ОС Рибникар“

Треба да знаете
Последни објави