Фудбалерите на Баерн Минхен го уништија Шалке на првенствениот меч кој попладнево се одигра на „Алијанц Арена“.
Избраниците на Тухел славеа со 6-0 и на тој начин се доближија до уште еден трофеј во Бундеслигата, поточно продолжување на доминацијата во Германија. Милер и Кимих стрелаа во првото полувреме, во вториот дел пак Гнабри даде два гола, погодија уште Тел и Мазрауи.
Сега Баерн има 68 бода или четири повеќе од второпласираниот Дортмунд кој од 18:30 часот се соочува со Борусија Менхенгладбах.
Во битката за ЛШ, Унион Берлин го надигра Фрајбург со 4-2. Како пресудно се покажа првото полувреме во кое тимот од германската престолнина дојде до 3-0. Гостите по паузата се врати во игра преку Гулде и Грифо, ама Лаидуни во 80 стави точка на сите дилеми околу тоа каде ќе завршат трите бода.
Унион сега има 59 поени, три повеќе од денешниот противник кој е на петтата позиција, четврти е Лајпциг со 57 бодови.
Останати резултати: Волфзбург-Хофенхајм 2-1, Ајнтрахт Франкфурт-Мајнц 3-0 и Бохум-Аугзбург 3-2