Вардар и Пелистер во борба за трофејот во Купот на Македонија

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер вечерва во салата „Билјанини извори“, ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Двата тима во полуфиналето лесно се спарвија со Алкалоид односно Пролет.

Дуелот на двете најтрофејни екипи во Купот на Македонија, доаѓа по нецели две недели и пресметката во Битола, која ја доби Еурофарм Пелистер и направи џиновски чекор кон освојувањето на титулата.

Пелистерци, преходно беа подобри од Вардар 1961 на стартот од сезоната, кога исто така во Охрид го освоија Суперкупот. Вардар 1961 победи во првиот првенствен дуел оваа сеозна.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави