Во рамките на акцијата „Ова е Македонија, Македонија за сите” за теренски посети на населните места, Драган Ковачки со неговиот тим беше во посета на населените места Чифлик, Умлена и Робово, кои се наоѓаат во Општина Пехчево.
Ковачки истакна дека централната власт целосно ги има заборавени овие населени места, каде што јасно се гледа дека нема никаква поддршка за подобрување на инфраструктурата иако од страна на ВМРО-ДПМНЕ, постојано во македонското Собрание, бараат интервенции во буџетот.
„Последното што го побаравме беа 620 илјади евра за изградба, односно инфраструктуро поврзување токму на овие три населени места и истите беа одбиени. Централната власт наоѓа пари за изградба на еден километар автопат за коридорот 8, 20 милиони евра кои што ќе бидат потрошени за провизии за полнење на џебовите на Ковачевски и на Груби, а нема пари за да ги поврзе овие три населени места”, рече Ковачки.
Токму затоа, додаде тој, народот треба да знае дека на следните парламентарни избори треба масовно да излезе и масовно да ги поразиме ДУИ и нивните слуги од Социјалдемократскиот сојуз, тука сме за да кажеме дека не сме сите исти и дека промените доаѓаат.