Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието при денешните теренски активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на населеното место Блатец каде потенцираше дека се појасно е дека истокот во државата се повеќе се празни, а сетоа тоа е поради власта од СДСМ и ДУИ која се грижи само за богатење на функционерите.
Денеска сме овде во Блатец.Ова се луѓето кои што ги плаќаат сметките во Македонија, ова се луѓето кои што живеат чесно, ова се луѓето кои продуцираат, создаваат храна, дополнителна вредност. Но за жал во селата како што е Блатец гледаме секојдневно иселување. Овде веднаш позади нас е општинското училиште кое што некогаш броело 650 ученици, денеска овде учат само 65 дечиња. Од над 4.000 жители, сега има некаде околу 1.000 жители. За жал ни се испразнува истокот на државата затоа што оваа власт на ДУИ и СДСМ се грижи само за едно, а тоа е како да си ги наполни своите џебови, рече тој.
Лефков при посетата укажа дека власта потроши 117 милиони евра пред да се отпочне со изградба на коридорите, а со тие пари можеа да се направат многу други работи кои ќе беа значајни за граѓаните.
Ги видовте како потрошија 117 милиони евра и ги уплатија пред да биде фрлена и една лопата земја, а со дел, само со дел од тие пари можеше да биде направен клиничкиот центар во Штип, можеше да биде реконструирана болницата во Кочани. Меѓутоа на власт се луѓе кои што не се грижат за народот. За нив овие луѓе се само луѓе кои што треба да го полнат државниот буџет за да биде празнет од Артан Груби и Ковачевски, кажа тој.
Лефков порача:
На крај заклучивме само едно, решение се избори и решение е гласање за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.