Втората лига, барем кога станува збор за врвот имаше расплет пред неколку кола. Воска спорт како првопласирана и Гостивар како вице шампион патуваат во Прва лига.
Додека Вардар како третопласиран ќе игра бараж дуел за пласман во елитата, а противник ќе е Скопје.
Денес пак во последното коло возбудата не изостана, но кога станува збор за опстанокот и испаѓањето.
Па имено крајниот епилог гласи. Борец, Слога Виница и Локомотива Пехчево од следната сезона ќе бидат третолигаши. А дали по истиот пат ќе тргне и Тетекс ќе се знае по баражот кој ќе го игра со еден од третолигашите.