Спасовски: Никој не смее да узурпира нечија сопственост, приведени две лица за диво градење кај поликлиниката Бит Пазар

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека две лица се приведени во врска со обидот за узурпација и диво градење зад поликлиниката Бит Пазар.

Како што рече Спасовски, случајот бил пријавен синоќа, по 19 часот, а полицијата веднаш реагирала. По наредба на јавен обвинител одеземена е градежната машина, а кривичната пријава против двете лица веќе се процесуира и ќе оди по брза постапка.

Министерот порача дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост, независно дали е приватна или државна.

-Има таков настан кој по 19 часот синоќа се случил. Тоа, би рекол, е обид за узурпација и градба. Никој не може да ја нарушува сопственоста, независно дали се работи за државна или приватна. Пријавено е во полиција, излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одеземна градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Според него, очигледно е дека со рушење на дел од оградата, лицата сакале да узурпираат градежно земјите.

-Затоа се покренува кривична постапка за две дела: узурпација и нелегална градба. Полицијата изреагира веднаш и одземена е градежната машина. Ова е силна порака од државата дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост. Ирелевантно кој е, кој сака нека биде, тоа не може да го прави и ќе сноси одговорност, потенцира Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави