Трката во категоријата Мото 2 во Ле Ман ја одбележа страотен судир на тројца мотоциклисти. Алберт Аренас падна во свиокот и на него налетаа Ману Гонзалес и Арон Кане.
Сите три мотори и нивните возачи полетаа и се тркалаа до песокот пред зашитните гуми покрај патеката. Медицинската служба веднаш излегла на патеката и им помогнала на повредените возачи.
За среќа, сите тројца се спасиле без посериозни повреди, што е вистинско чудо со оглед на судирот што го доживеале.
Канет набрзо стана, Гонзалес стана откако му беше помогнато, а Аренас на крајот се врати во боксот во инвалидска количка.
Трката беше прекината по нивниот пад, а потоа продолжи.
Видеото од несреќата погледнете го ТУКА.



