На 13.05.2023 околу 18.30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај село Владевци, се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шевролет спарк” управувано од В.Т. (18) од струмичко Сушево и мотоцикл „кавасаки” што го управувал С.К.(58) од Кочани.
На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од виничкото село Градец, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.



