По завршувањето на финалето на ракометниот куп меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи инцидент и настана мешаница кога ракометарот на битолчани, Суси фрли со шише по тренерот на Вардар, Владо Недановски. Во целтата мешаница, интервенираа и полициските службеници, а ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески доби пендрек во главата.
По инцидентот денеска се огласи и МВР:
-По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер” од Битола и „Вардар” од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.
After the match Filip Taleski was hit with a baton by a police officer! pic.twitter.com/UF7ZBrKuSu
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 13, 2023
По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот.



