Украинскиот претседателот Володимир Зеленски денеска од Берлин рече дека западните сојузници не треба да се грижат дека украинските сили ќе ја нападнат руската територија со моќното оружје што тој бара да го добие од нив.
– Ние не напаѓаме руска територија. Ние ја ослободуваме нашата законска територија. Немаме време, сили и вишок оружје за ова. Подготовките за контраофанзивните операции беа фокусирани исклучиво на ослободување на „нашата територија, која ја признава целиот свет, рече Зеленски денеска во Берлин на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Украинскиот претседател побара од Германија да ја поддржи неговата земја со приклучување кон коалицијата за снабдување со модерни борбени авиони.
– Многу е важно Германија да ги координира нашите напори … Русија во моментов има доминантна моќ во воздушниот простор на Украина – ситуација која треба да се промени, рече Зеленски.
Шолц не вети ништо, велејќи дека Германија и доставила на Украина многу воено оружје и дека ќе продолжи да го прави тоа.
– Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно. Оваа солидарност е трајна и е силна. Додека руската безмилосна 444-дневна војна за агресија имаше големи геополитички последици, таа првенствено влијаеше на украинскиот народ, рече германскиот канцелар, јави ДПА.
Тој истакна дека Германија досега обезбедила воена и хуманитарна помош во износ од 17 милијарди евра (18,6 милијарди долари).



