Ишбија му даде отказ на Вилијамс по поразот на Феникс од Денвер

По поразот од Денвер во полуфиналето на Западната конференција на НБА, Феникс му врачи отказ на тренерот Монти Вилијамс.

ЕСПН пишува дека по поразот од Нагетс и елиминацијата, сопственикот на Санс, Мет Ишбија, донел одлука да ја прекине соработката. За ова Вилијамс синоќа го информирал генералниот менаџер на тимот од Аризона, Џејмс Џонс.

Феникс го заврши регуларниот дел од сезоната на четвртото мест, а потоа во првото коло од плеј-офот беше подобар од Лос Анџелес Клиперс. Во текот на сезоната тимот го засили Кевин Дурент, но Крис Пол и Диандре Ајтон ги пропуштија натпреварите во плејофот поради повреди, па тимот ја заврши сезоната по серијата со Денвер во полуфиналето.

Вилијамс е тренер на Феникс од 2019 година. Неговиот скор на клупата на Санс е 194-115 во регуларниот дел од сезоната, односно 27-19 во плеј-офот. Во 2022 година е прогласен за најдобар тренер на НБА лигата.

Феникс втора сезона по ред е елиминиран во полуфиналето на Западната конференција. Лани водеше со 2:0 и 3:2 во серијата против Далас, но загуби со 4:3, додека овој пат беше елиминиран од Денвер по шест меча.

Пред две години тимот стигна до големото финале во НБА лигата каде беше поразен од Милвоки со 4:2.

Треба да знаете
Последни објави