Легендата на Јунајтед: Ние по пораз се тепавме во соблекувалната, а денешните „снегулки“ се жалат на мама и тато

Оле Гунар Солскјер можеби не е премногу запаметен по неговата тренерска епизода на „Олд Трафорд“, но тоа не може да ја избрише славата на неговите играчки денови во Манчестер Јунајтед.

Првиот гол во победата од 5:0 против Баерн во финалето на ЛШ (1999.) е еден од од најважните печати, а Норвежанин се потсети на славните денови во интервјуто за Гардијан.

Тој вели дека во сегашниот состав на англискиот гигант има малку играчи кои би преживеале во соблекувалната на Сер Алекс Фергусон. Тоа беше пристап и набој што денес е се помалку присутен. Тој смета дека играчите, за разлика од неговите современици на теренот, се премногу „меки“.

-Беше фантастична соблекувална, момците беа неверојатни. Рој Кин беше лидер, кој на сите им беше идол. Дејвид Меј беше шегаџија и кловн, Гери Невил најпопуларен, а остана и денес. Ники Бат и Рајан Гигс беа главните забавувачи, се сеќава Солскјаер, додавајќи дека момците на Фергусон биле особено мотивирани:
– Тоа беа родени победници. Мразевме да губиме, понекогаш се каравме или тепавме по пораз. Така треба да биде после лоши игри, мора да се протресете еден со друг. Ако тоа им го направите тоа на момците денес, тие ќе се жалат на мама, тато или нивниот агент. Тие се како снегулки. Малкумина од денешните играчи би ја преживеале нашата соблекувална.

Солскјер помина 11 години во Јунајтед (1996 – 2007). Тој беше човек од доверба на Алекс Фергусон, кој му понуди 366 настапи како центарфор, а Норвежанецот се оддолжи со 126 гола и 50 асистенции. Подоцна се врати на „Олд Трафорд“ во тренерска улога, но се покажа дека тоа е само еден во низата неуспешни експерименти.

Треба да знаете
Последни објави