Навивачите ги „построија“ фудбалерите на Милан по дебаклот со Специја

Фудбалерите на Милан за само четири дена доживеаја два депресивни порази. Откако во средата загубија на Сан Сиро од Интер (0-2) во полуфиналето на Лигата на шампионите, со истиот резултат беа испратени дома во Серија А, на гостувањето кај Специја.

За навивачите на Росонерите ова беше тотален кошмар. По поразот од Специја го повикаа тренерот Стефано Пиоли и играчите под трибината од која 90 минути ги бодреа против 18.пласираната екипа од италијанскиот шампионат.

Играчите и тренерот излегоа пред навивачите и немо ги слушаа нивните критики. Навивачите на Милан овојпат само вербално се пресметаа со „лузерите“…

Милан со два последователни порази оваа недела значително ги намали шансите за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

По поразот во првиот натпревар од Интер, многу е извесно дека миланскиот тим нема да игра во финалето на Лигата на шампионите на 10 јуни во Истанбул. Исто така, на три кола пред крајот на првенството, Милан губи чекор и борба со Интер за четвртата позиција на табелата во Серија А (последното место кое води во следната ЛШ). Згора на тоа, ниту петтото место (Лига Европа) веќе не е безбедно за Милан бидејќи Рома заостанува три бода и денеска игра против Болоња на гости.

Треба да знаете
Последни објави