Центарот за управување со кризи (ЦУК) од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) добил известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз кој се сообраќал од Гевгелија за Белград, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.
Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.
Поради пожарот железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 16,55 часот и возот за Битола во 20.05 часот, се сопрени. Исто и патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, кој од железничка станица Велес тргнува во 18,40 часот чека да се нормализира сообраќајот.
Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а жалезничкиот сообраќај е во прекин. Според известувањето до МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот.



