Поради неспособноста, неодговорното и недомаќинско работење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неговата најдоба менаџерка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот.
За само една и пол година од плус 13 милиони евра на сметка и годишен буџет од околу 100 милиони евра, градската каса е празна, Скопје тоне во долгови.
Парите се потрошени, а во овој временски период не е реализиран ниту еден капитален проект, не се довршени ниту проектите што беа наследени.
Нема бесплатен јавен превоз, нови 250 автобуси, нема мега паркови, нема ништо од модерно Скопје, стои реконструкцијата на Универзална сала, на мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова се одвиваат бавно и со застои.
Јавните градски претпријатија едвај функционираат. Јавниот превоз е во колапс, вработените во ЈСП веќе еднаш штрајкуваа, протест имаше и во ЈП Комунална Хигиена, а катастрофална е ситуацијата и во „Водовод и канализација” во Градски Паркинг и останатите претпријатија и установи под надлежност на Град Скопје.
Толку од менаџерските способности на Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски.
СДСМ в понеделник ќе побара седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред – актуелната финансиска состојба во Градот, да се добие одговор на прашањето каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните?