Убиен најстариот лав на светот: Воините од Масаи брутално го боделе, не го оставиле на мира додека не умрел

Кенискиот лав Лоонктито, за кој се верува дека е најстариот на светот, умре откако го убиле сточари. Како што пишува Дејли Мејл, овој 19-годишен лав бил брутално избоден со нож и не бил оставен се додека не умрел.

Лавот беше убиен од воините од Масаи во средата вечерта, откако големата мачка беше фатена како ги лови нивните домашни животни во селото Олкелуњет. Со оглед на неговата доцна возраст, несреќното животно не можело да фати ништо во дивината, па веројатно тргнало по животни кои не можат да трчаат толку брзо.

На лавот многумина ширум светот му се восхитуваа, бидејќи повеќето членови на неговиот вид во дивината не живеат до толку зрела старост. Успеал, но на крајот бил убиен од луѓе. Интересно е што селото во кое дошол да набави храна се наоѓа на периферијата на Националниот парк Амбосели, кој е познато како најдоброто место во Африка за набљудување на слонови и други големи животни.

Големиот предатор беше наречен „легендарниот голем мачешки воин“ од страна на Кениската служба за диви животни (KWS) откако ја бранеше својата територија повеќе од една деценија. Но, тоа воопшто не му помогнало и не му го спасило животот. Нејасно е само дали воините на Масаи знаеле точно за кој лав се работи и, доколку знаеле, дали тоа на било кој начин би влијаело на нивните постапки.

Треба да знаете
Последни објави