Американски авиони пресретнаа руски авиони во близина на Алјаска

Американски борбени авиони пресретнале шест руски авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска, соопшти синоќа Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД).

Во соопштението на НОРАД се наведува дека руските авиони биле бомбардери ТУ-95, авиони за полнење гориво Ил-78 и авиони ловци СУ-35.

Северноамериканската команда за воздушна одбрана го опиша пресретнувањето како „рутинско“.

Според НОРАД, во така наречената зона за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, американски авиони шест до седумпати годишно пресретнуваат руски авиони и не се смета за закана. 

Треба да знаете
Последни објави