Алкараз шокиран во Рим од 135. тенисер во светот

Младиот шпански тениски ас Карлос Алкараз кој ќе се врати на врвот на АТП рејтинг листата доживеа сензационален пораз во 3. коло на мастерсот во Рим од 135. играч во светот, Фабијан Марожан од Унгарија 2:0 (6:3, 7:6).

На Марожан му беа потребни еден час и 42 минути игра да го испрати дома Алкараз.

Во осминафиналето Марожан го чека Борна Ќориќ кој со 2:0 во сетови го победи Роберто Карбаљес Баена.

Треба да знаете
Последни објави