Тимот на Зоран Љутков ги посети населените места Огњанци, Катланово, Горно Коњари и Сушица од каде што беше истакнато дека од централната власт, Општина Петровец нема добиено ниту еден денар за проекти со кои аплицирала и кои се важни за жителите ов овј регион и дека локалната власт сама ги решава проблемите.
„Јасно им е на граѓаните како ја поминале здравствената криза, дека немаше никакви мерки, а најголемо разочарување е последниот проект потпишан со Бехтел и Енка и за тоа со каква леснотија од државата излегуваат стотици милиони евра. Ако една централна власт зборува за враќање на младите, за достоинствен живот, со овој проект, буквално, ги дотолчија, а ние сега мора да им ја враќаме довербата, дека се ќе биде во ред и дека ќе има повторно живот”, посочи Љутков.
Пратеникот Игор Здравкоски посети неколку населени места во Чашка каде потенцираше дека во овој регион огромен проблем е иселувањето.
„Овој викенд сме во општина Чашка, една од најголемите и најубавите општини во Република Македонија и тука за разлика од претходните општини каде што одевме населението е мултиетничко односно мешано од повеќе етникуми. Она кое што го приметуваме е дека сите исто плачат по своите деца. За жал од ова село многу повеќе млади дечиња се раѓаат во Шварцарија отколку во Македонија. Ова е една општина која што има огромен проблем со иселувањето, допонително оние што остануваат тука се занимаваат исклучиво со земјоделие и тоа дополнително им го отежнува животот. Меѓутоа има надеж, ние сме тука за да им кажеме дека може поинаку, дека може подобро и тука сме за да им ветиме и да продолжиме да се бориме”, рече тој.
Даниела Христовска, пратеничка во македонското Собрание, денеска го предводеше нејзиниот тим со кој остварија посета на виничкиот регион каде што во населеното место Истибања се сретнаа и разговараа со граѓаните за нивните проблеми.
„Заедничка констатација ни е дека во Република Македонија имаме власт која што го доведе целиот систем во една бездна од која не се знае како ќе се излезе, ако што поскоро не ги преземеме работи во свои раце. Тоа значи дека, оваа ненародна власт треба што побрзо да си замине и да се ослободи Македонија и да биде земја со достоинствен живот за сите нејзини граѓани”, рече Христовска.
Пратеникот Мирче Аџиоски со неговиот тим беше во посета на Подмоље, Лескоец, Косел и Куратица од каде што посочи дека незадоволството на жителите е огромно, посебно од последниот Закон за работни односи кој што го протуркаа насилно во Комисијата за европски прашања, за што премиерот Димитар Ковачевски треба да си поднесе оставка затоа што своите граѓани сака да ги направи робови кои ќе работат по 72 часа неделно.
Драган Ковачки, пак, со неговиот тим беше во посета на населени места во делчевско каде што оствари средба со жителите на Стамер, Град и Вирче, при што истакна дека во овој регион не е донесена ниту една странска инвестиција и дека жителите од овој регион се гушат во беспарица и голема сиромаштија, газат кал и на одредени места нема ни вода за пиење, а од друга страна плаќаат даноци и го полнат буџетот кој што криминалците од ДУИ и СДС го градат.
Пратеничката Ели Панова беше во посета на струмичко односно Вељуса, Водача и Рич и истакна дека на овие средби граѓаните јасно укажуваат дека некои од нив се каат за начинот како гласале во минатото, затоа што се покажа дека оваа власт е заинтересирана само за криминални тендери, а од друга страна пола милион граѓани живеат на работ на сиромаштија со по 150 денари на ден.
Бране Петрушевски, пратеник во Собранието при денешните теренски активности ги посети населените места Речица, Долно Којнаре, Горно Којнаре и Табановце каде ги слушна проблемите на граѓаните од овој регион.Имено тој посочи граѓаните немаат елементарни услови за живот, а власта троши 117 милиони за незапочнат проект.